Синиша Михајловиќ, моментално прв тренер на калчолигашот Торино, со оваа изјава ја крена буквално цела Италија на нозе.
На конференцијата за медиуми на Михајловиќ му беше поставено прашање за тоа дали 22-годишниот Бенаси ќе ја носи капитенската летна во иднина.
Следеше неверојатен одоговор од страна на српскиот стратег.
„Тешко е кога треба да станете секое утро во 4 часот, да работите од 6 па до крајот на денот.
,,Да не знаете кога ќе пристигнете дома и кога ќе заклучите дека повторно немате финансии да ги платите сите сметки на крајот од месецот.
,,Ете, тоа е тешко.
,,Да се носи капитенската лента треба да биде гордост и задоволство за секој играч.
,,Бенаси е среќен човек, како и сите ние кои можеме да се занимаваме со фудбалот на ова ниво“.
Истакна Михајловиќ и ги остави присутните неми.
Ова е целото видео од пресот…