Црна Гора пресилна за Македонија, ракометарките загубија со 31-24!

Loading

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Подгорица од Црна Гора со 31:24.

женска репрезентација

Македонија на стартот од дуелот имаше минимална предност, но противникот со серија од 5:0 ја најави победата бидејќи имаше водство од 8:4, а во финишот на првиот дел 15:9.

Во второто полувреме Црногорките имаа и рекордни плус 9 за 22:13.

Најефикасна на дуелот беше нашата ракометарка Керамитџиева со 9 голови.

Двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски натпревар вечерва од 18:30 часот во раките на ЕХФ неделата.