Во 2020 година, Новак Џоковиќ беше дисквалификуван од УС Опен откако ненамерно ја удри линиската судика, а сега слична ситуација се случи и на Ролан Гарос во Париз.
Водечката улога овој пат ја имаше јапонската тенисерка Мију Като.
Имено, таа беше дисквалификувана од турнирот во конкуренција на двојки откако со топка го удри девојчето кое собира топки.
Таа беше во пар со Алдила Сутијаду, а потоа по сервис грешка ја испрати топката на другата страна од теренот и ја удри девојката која собираше топки.
Девојчето било тешко погодено во вратот и завршило во солзи.
🗣️ “I don’t think it was enough to disqualify.” ❌@alexcorretja74 provides his viewpoint with one of the more controversial calls of the French Open so far #RolandGarros pic.twitter.com/SsYmBJUWBE
— Eurosport (@eurosport) June 4, 2023
Плачеше и Като, бидејќи не ја удри девојката намерно, туку нејзиното учество на Ролан Гарос беше завршено.
Како и во случајот на Новак, навистина сурова казна…
Мари Бузкова и Сара Сорибес Тормо автоматски се пласираа во следната рунда.