ВИДЕО: СКАНДАЛ! Навивач го нападна и потегна Роналдо за дресот, а Португалецот вака реагираше!

Loading

По голем пресврт и драма, фудбалерите на Манчестер Јунајтед успеаја да остварат победа во најелитното фудбалско натпреварување на Стариот континент, а човек на одлука беше кој друг ако не Кристијано Роналдо!

Натпреварот беше решен во 81. минута, кога одличниот Португалец ја искористи асистенцијата на Лук Шо и донесе ерупција на одушевување, но инцидентот по натпреварот фрли сенка на овој триумф.

Имено, кога судијата свирна крај, сите што беа во црвени дресови ја прославија победата, но еден навивач одлучи да биде во центарот на вниманието, па полета на теренот и ја имаше својата „цел“ – Роналдо.

Успеа да помине неколку редари и да дотрча до Португалецот, а поголем скандал сепак спречија луѓето од обезбедувањето. Навивачот дури го повлече Роналдо за дресот, а јасно се гледа дека на Кристијано тоа воопшто не му се допадна.

Сепак, на крајот немаше поголем инцидент, па навивачот беше отстранет од редарите, а Роналдо успеа на вистински начин да ја прослави победата!