УЕФА покрена дисциплинска постапка против Реал Мадрид поради однесувањето на некои негови играчи во реваншот од осминафиналето на ЛШ.
Станува збор за инцидент од пред две недели, кога фудбалерите на Реал Мадрид го победија градскиот ривал Атлетико по пенал рулетот на стадионот „Ванда Метрополитано“ и славеа непримерно.
„Етичките и дисциплинските инспектори на УЕФА имаат задача да го истражат инцидентот со играчите на Реал Мадрид (Антонио Рудигер, Килијан Мбапе, Дани Себаљос и Винисиус Јуниор), кој се случи за време на натпреварот против Атлетико Мадрид на 12 март 2025 година“, се вели во соопштението на УЕФА.
Да потсетиме дека за време на прославата, опкружен со соиграчите кои скокаа и се радуваа, Рудигер имитираше сечење на вратот со прст додека се соочуваше со навивачите на Атлетико.
„Тажниот гест на Рудигер кон навивачите на Атлетико за време на прославата. Тој ја загуби контролата додека со соиграчите го прославуваше пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. За жал, од трибините на Метрополитано паднаа предмети, а тој направи гест со сечење на вратот“, објави шпанскиот медиум „Ас“.
Погледнето го видеото од прославата….
Jude trying to header a bottle thrown by Atletico fans and Rudiger ready to fight them all, I swear my teams full of psychopaths 😭😭😭😭 pic.twitter.com/MXm2EoXQQ1
— WolfRMFC (@WolfRMFC) March 13, 2025