Црвена звезда поведе во серијата од 2-0, против лутиот ривал Партизан во финалето на АБА лигата.
![](https://i0.wp.com/sporty.mk/wp-content/uploads/2022/05/zvezda-partizan.jpg?resize=800%2C532&ssl=1)
Навивачите на црвено-белите, популарните ,,Делии,, во добар дел од натпреварот фрлаа предмети на паркетот.
Некако навикнати сме навредите да бидат составен дел од натпреварите, па на пцовките и викањето не им се придава толку големо значење.
Сè заврши на паркетот во салата Пионир, а она што посебно треба да се санкционира, без разлика за кои навивачи станува збор, е стакленото шише!
На помош на играчите на Партизан им дојдоа и кошаркарите на Црвена звезда кои со своето присуство се обидуваа да ја смират ситуацијата.
Највоинствен беше Лесор, кој беше подготвен за пресметка со навивачите на Звезда…