Кристијано Роналдо, се појавил до полиција на Мерсисајд на покана да одговори на видеото на кое тој го крши телефонот на навивач на Евертон.
По мечот одигран во април на стадионот „Гудисон Парк“, кој Манчестер Јунајтед го загуби од Евертон, Португалецот зовре од гнев и „падна“ на провокациите на навивачите на „карамелите“ од трибините.
Еден од симпатизерите на Евертон, чие место беше веднаш до влезот во тунелот на стадионот, на својот телефон ги снимаше играчите на Манчестер Јунајтед, а Кристијано Роналдо намерно му го турна телефонот додека минуваше и му го скрши.
BREAKING: Cristiano Ronaldo has been cautioned by police after footage emerged of the Manchester United forward appearing to smash a phone out of an Everton fan's hand following a match at Goodison Park. pic.twitter.com/HIj2yriI0D
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 17, 2022
Сето тоа го снимиле камерите на други фанови, кои потоа се појавиле на социјалните мрежи, а полицијата од Мерсисајд го повикала Португалецот да сведочи за тоа.
Не се знае кога се случило, но четири месеци по немилата глетка, за медиумите се достапни информации дека бил во полиција:
,,Можеме да потврдиме дека Роналдо доброволно се пријавил во полиција и бил на претпазлив разговор во врска со нападот и кривичното дело. Обвиненијата се однесуваат на инцидентот по натпреварот на Евертон против Манчестер Јунајтед на Гудисон Парк во недела, 9 април. Работата е решена со условна претпазливост и на приказната е ставен крај – се вели во соопштението од полицијата на Мерсисајд.