Едно време, беа двете најголеми ѕвезди во НБА лигата – Мајкл Џордан во Чикаго и Реџи Милер во Индијана беа свое на своето.
Нивното ривалство и денес се прераскажува, а Милер, кој неодамна ги помеша Новак Џоковиќ и Никола Јокиќ, откри дека не жали што никогаш не ја освоил шампионската титула затоа што целата своја кариера ја мина во клубот што го сака.
На прашањето дали некогаш помислил да замине и дали поканата на Џордан во Чикаго може да го натера да се шремисли, Милер рече без влакна на јазикот.
– Не! Ова е мојот клуб! Тоа беше поинакво време. Што ако Мајкл ме повикаше? Ништо! Јас би му рекол да се е.. – рече Милер и додаде дека сега би играл уште погруба кошарка во дуелите со Џордан:
– Ако игравме сега, веројатно ќе го удрев многу посилно од тогаш!
Погледнете што се случи таа 1993 година….