ВИДЕО: Магијата на Дончиќ за која уште долго време ќе се збори во НБА – Ова најновиот ТОП 10!

Loading

Словенскиот кошаркар и член на Далас Маверикс, Лука Дончиќ повторно ја бранува НБА лигата со потегот на денот и кошот за победа на својот тим на гостувањето кај Мемфис Гризлис.

Тој едноставно е херојот на Далас, а со неговиот циркуски шут зад линијата од три поени му донесе нова победа на својот тим од 114-113 со кош со свукот на сирената.

На крајот Лука имаше 29 поени, 5 скокови и 9 асистенции за 30-та победа на Далас во сезоната.

Еве како изгледаше овој луд поен на словенечкото чудо од дете….