Верувале или не но поминаа точно 32 години од познатиот инцидент со хрватското знаме во салата „Луна парк“ во Буенос Аирес.
На денешен ден во 1990 година, кошаркарската репрезентација на Југославија стана светски шампион во Аргентина, откако во големото финале убедливо го совлада Советскиот Сојуз со 90-75.
Шампионскиот тим од клупата го предводеше легендарниот тренер Душан Ивковиќ, а на теренот беа Дражен Петровиќ, Велимир Перасовиќ, Зоран Чутура, Тони Кукоч, Жарко Паспаљ, Јуриј Здовц, Жељко Обрадовиќ, Радисав Ќаладеќи, Зориџавац, Јорчанчаиц, и Зоран Савиќ..
По финалниот натпревар се случи познат инцидент, кога Владе Дивац му го одзеде хрватското знаме на навивач кој влезе на теренот.
Дивац го зеде знамето затоа што мислеше дека има место само за југословенското знаме.
Подоцна се крена голема прашина, Дивац беше прогласен за „српски националист“ во Хрватска, со години се зборуваше дека го газел и плукал хрватското знаме и дека поради ова му пукнало пријателството со Дражен Петровиќ.
„Една година подоцна, кога почнаа настаните на оваа област, таа реакција беше сфатена како лоша работа за мене. Повеќе политика имаше удел во манипулацијата затоа што се зборуваше дека сум го запалил и згазил. Јас едноставно забранив влез на знамето, кое на тоа место не требаше да стои заедно со југословенското“, изјави Дивац пред неколку години.
За спорниот настан зборуваше и актерот на инцидентот Томаш Шакиќ, аргентински Хрват кој го внесе спорното знаме на теренот во „Луна парк“.
„Јас сум човекот кој влезе во салата на Луна Парк со хрватското знаме, тоа е семејна работа. Но, да бидам искрен, Дивац ми го зеде знамето, но потоа ми го врати. Ниту го плукна, ниту згазна. Зграпчувањето на знамето беше навредливо, тој покажа недостаток на почит, но не го плукна“, призна Сакиќ за аргентинските медиуми.
Шакиќ тврдеше дека не сакал да го провоцира Дивац.
„Ги поддржував Хрватите од репрезентацијата – Кукоч, Петровиќ, Чутура. Мислев дека и Дивац е Хрват. Дури кога ми го зеде знамето сфатив дека е Србин. Ми го украде знамето и побегна. Неможев да го бркам затоа што имав чанта за фотоапарат. Фотографиите не го покажуваат тоа, но во еден момент бевме на десетина сантиметри, лице в лице, се боревме за знамето. Јас имав 180 сантиметри, а тој 212. Дражен стоеше од другата страна дури подоцна му било кажано што се случило“, рече Шакиќ.
Тој откри дека многу луѓе му честитале на потегот.
„По овој инцидент почнаа да ми се јавуваат луѓе од Австралија, Европа…Бев во контакт со хрватската заедница, луѓето беа среќни затоа што светот го виде знамето кое беше забрането од 1945 година, а на Дивац му беше забранет влезот во Хрватска“.
Дивац пред една година отворено зборуваше за овој инцидент за хрватските медиуми. Открил дека знамето што го зел, за разлика од официјалното хрватско знаме, имало бели шаховски табли однадвор, а не црвени, исто како што имала НДХ.
„Секогаш е подобро да се види нешто со свои очи отколку да се формира мислење врз основа на она што го кажуваат луѓето. За мене е фасцинантно што и по речиси 30 години таа приказна се провлекува и секогаш слушам нешто ново, дека сум го направил ова, дека сум го направи тоа. Тогаш на Југославија не ѝтребаа други знамиња на подот во тој момент. На тоа знаме што се појави на подот не му беше место таму. Тоа знаме не беше хрватско. Барем ги немаше карактеристиките што го имаше официјалното хрватско знаме во тоа време. Повторувам Југославија стана светски првак ние тогаш игравме за таа земја и ниедно знаме освен југословенското немаше што да бара на подот во тој момент. Мислам дека бев јасен“.
Пријателството меѓу Дивац и Дражен по сцената во „Луна парк“ отиде во неповрат.
Дражен поради овој инцидент сериозно му се налутил на Дивац, а Дивац му замерил на Дражен што го заменил југословенското знаме со хрватско и што ја прекинал комуникацијата со него.
На Дивац повеќе не му беше дозволен влез во Хрватска, земјата се распадна, а три години по инцидентот Дражен Петровиќ загина во сообраќајна несреќа. Поранешните пријатели не добија шанса да го поправат пријателството.
Секако, имаше и такви кои го разбраа потегот на српскиот кошаркар.
Познатиот хрватски ас Тони Кукоч еднаш на некој начин застана покрај Дивац сред Загреб, на ХРТ и во една од најгледаните емисии во Хрватска – Недељом у 2.
На прашањето што мисли за Дивац, Кукоч во 2008 година рече:
„Дивац е добра и позитивна личност,,.
Зборувајќи за инцидентот што се случи на Светското првенство во Аргентина, Кукоч вели дека тогаш биле речиси деца.
И Дино Раџа, членот на таа легендарна репрезентација на Југославија, а подоцна и на Хрватска изјави дека и тој би го направил истото како и Дивац, доколку некој истрчаше на терен со српското знаме.