Познатиот Формула 1 возач Нелсињо Пике се најде во центарот на вниманието кога ги обвини челниците на неговиот поранешен тим Рено за местење на Големата награда на Сингапур во 2008 година, а деталите што тој ги откри шокираше многумина.
Пике потоа рече дека луѓето од неговиот тим потоа издале наредба до него да излета од патеката на свиокот број 17 и да удри во заштитната ограда, за на крајот да триумфира неговиот клупски колега Фернандо Алонсо.
Алонсо го искористи забавувањето на трката за да ја намали разликата зад лидерите и подоцна да ги претекне и да победи
Поради скандалот се огласи и претседателот на ФИА, Макс Мозли, кој му порача на Пике дека нема да биде преземено ништо против него доколку каже се што се случи на таа трка.
“Му реков дека нема да се преземе ништо против него ако ни каже што навистина се случило на таа трка. Многу е важно да ја утврдиме целосната вистина, бидејќи обвинувањата се многу сериозни. Поправка на трка и загрозување на животите на возачите, стјуардите или гледачите се кривични дела, рече Мозли.
Поради ова, Рено ги обвини Пике и неговиот татко за лажни обвиненија и обид за уцена, а потоа поднесе тужба против славниот Бразилец.
Не долго потоа Пике доби отказ од формула 1 тимот на Рено.