ХРВАТСКИОТ ракометар Иван Слишковиќ постигна гол каков што ретко се гледа.
Неговиот Порто во шестото коло од Лигата на шампионите на домашен терен ремизираше со актуелниот шампион Барселона 33:33, а Слишковиќ го предводеше својот тим со седум гола, од коj еден постигна на доста интересен начин.
На Порто на крајот од првото полувреме му беа досудени девет метри. Слишковиќ шутираше преку блокот во кој беше целата шесторка на Барселона, а топката по чудна траекторија му се лизна од рацете на голманот Перез де Варгас и заврши во голот.
Слишковиќ е лево крило кој одреден период беше важен дел од хрватската репрезентација, но повредите и борбата со мононуклеозата му ја забавија кариерата.
Се чини дека сега конечно е во вистинска форма и би можел да му се наметне на селекторот Хрвоје Хорват во позиција каде на Хрватска и треба вистински шутер.