ВИДЕО: Во Норвешка падна неверојатен гол од 70 метри – Ќе конкурира за наградата Пушкаш!

Loading

Во 26. КОЛО од норвешката втора лига видовме гол кој ќе конкурира за гол на сезоната не само во Норвешка туку и во светски рамки.

Фудбалерот на Ранхајм, Адрија Матео, постигна гол во 70. минута од 70 метри и ги постави конечните 4-0 во победата на неговиот тим над Рауфос.

Матео од прва ја упати топката кон противничкиот гол, а таа по долг лет заврши во мрежата.

Голот ги изненади сите играчи на теренот, но и гледачите.