Ако сте љубител на спортот и одвреме-навреме добивате критики од другите затоа што на спортот му давате повеќе страст од она што другите мислат дека е нормална доза, покажете им ја оваа фотографија и видео од овој скршен човек кој страда од спорт, за некој да разбере…
Клеј Томпсон го одигра својот последен натпревар на 14 јуни 2019 година. Тогаш Голден Стејт беше поразен од Торонто во финалето на НБА. Вориорс загубија со 4:2, а Томпсон се здоби со тешка повреда во шестиот меч, откако веќе имаше проблеми во финалната серија.
Тој го пропушти третиот натпревар поради повреда. Играше повреден за да се обиде да го спречи поразот на тимот од Сан Франциско, но во последниот натпревар се тргна наопаку. Томпсон ги скина лигаментите и потоа почна неговиот пекол.
Пропушти две сезони, а во третата се уште го чека своето враќање. Веќе некое време тренира со силен интензитет, но се уште не е подготвен да се врати во натпреварите.
Се очекува да биде во јануари 2022 година, а доколку нема нови проблеми очекувајте многу од него бидејќи е гладен како волк.
Тој е гладен за кошарка, па не е чудно што снимките и фотографиите од него во празната сала по натпреварот, го обиколија светот и наидоа на бројни реакции.
Klay hasn’t left the bench since the game ended pic.twitter.com/9hp3CjErlc
— Warriors on NBCS (@NBCSWarriors) November 27, 2021
Голден Стејт игра одлично оваа сезона и со ефект од 17 победи и два порази е најдобар во лигата. По триумфот против Портланд, Томпсон остана на клупата додека салата беше празна.
Накратко се развесели додека поздравуваше група фанови кои излегоа меѓу последните, а потоа стави крпа преку глава и продолжи да седи и да фантазира како му помага на Стеф Кари, кој моментално е главен кандидат за МВП наградата.