(ВИДЕО) Ова мора да го погледнете – Дали е тоа најглупавиот потег во историјата на фудбалот?

Loading

Фудбалот е динамична игра, можеби единствена во светот каде што послаб ривал може да победи посилен.

фото: youtube/printscreen

Како резултат на тоа, се случуваат неверојатни потези и сцени, кои се паметат со години, па и со децении.

Такво нешто се случи минатиот викенд во канадското фудбалско првенство. Натпреварот од Премиер лигата на таа земја се одигра помеѓу Валур и ХФХ Вондерерс. Домашната екипа беше во напад, акцијата ветуваше.

Фудбалерот Алесандро Риџи шутираше кон голот, топката го зафати голманот, па повторно него и за малку ќе ја минаше линијата, кога неговиот соиграч Вилијам Акио необјасниво ја исфрли од гол линијата.

Натпреварот на крајот заврши со резултат 1:0 за Валур, а единствениот гол на натпреварот беше Австралиецот Мозес Даер во 84. минута.

Несреќниот Вилијам Акио беше заменет во 54. минута, а изнемоштениот Алесандро Риџи во 68. минута од играта.

Погледнете што се случи….. Ќе се фатите за глава од неверување!