Ракометарите на Гранољерс го совладаа Скендерборг Архус со 30:25 во реваншот од осминафиналето на Лига Европа и со тоа ја надополнија негативата од два гола од првиот натпревар.
Шпанскиот тим се избори за место меѓу осумте најдобри екипи во ова натпреварување, а за тоа е заслужен и бразилскиот голман Рангел Луан да Роса, кој на неверојатен начин го одбрани пеналот на противникот.
Една од најдобрите одбрани во историјата на ракометот беше забележана на самиот почеток на натпреварот, поточно во осмата минута.
Домашните беа седуммина и се чинеше дека можат да ја намалат негативата на 4:3, но… Бразилецот со едната рака ја фати „жива“ топката и веднаш ја прослави нереалната интервенција.
Можеби токму овој потег беше еден од најважните на натпреварот бидејќи секако им даде голема самодоверба на неговите соиграчи.
Веќе имаа два гола предност, а полесно е да се игра кога знаеш дека твојот голман е толку добро расположен и нема лесно да прима голови на многу важен натпревар.
Погледнете како Рангел го одбрани седмерецот:
HOW?! 😱 A ONE-HANDED penalty save by Rangel Luan da Rosa! 🔥#ehfel pic.twitter.com/Thd6wBeCX3
— EHF European League (@ehfel_official) March 28, 2023
Екипата на Гранољерс со оваа победа обезбеди пласман во четврт-финалето на Лига Европа, а следен ривал во натпреварувањето, кое е второ по ранг во Европа, ќе биде Флензбург.
Германскиот тим во претходното коло беше подобар од Бенфика.