(ВИДЕО) Ова е еден од најбизарните поени што некогаш се случиле во историјата на тенисот!

Loading

Малку познатиот грчки тенисер Христос Кеисидис е автор на еден од најчудните поени во историјата на тенисот.

фото: Twitter/universal tennis

До поенот дојде на турнирот Pro Tennis Tour во Бугарија што се одржува во градот Русе. Противник на грчкиот тенисер беше Николај Неделчев.

Во првиот гем од вториот сет сервираше Кеисидис, по што имаше долга размена на удари, која заврши со невообичаено освоен поен за грчкиот тенисер.

Кеисидис го погоди бекхендот и тргна кон мрежата. Противникот се обиде да го заврши поенот, но Гркот возврати со волеј. Неделчев успеа да одигра форхенд откако едвај го стигна топчето.

За време на неговиот лов по топката, Кеисидис падна под мрежата. Во моментот кога се обиде да стане, топката му се одби од глава и падна во полето на противникот.

Судијата му додели поен. Погледнете го моментот кој влезе во историјата……