Германскиот напаѓач и поранешен играч на Челзи, Каи Хаверц неодамна потпиша долгорочен договор со Арсенал.
Според британските медиуми, трансферот е вреден 75 милиони евра, а 24-годишниот фудбалер пристигна во Челзи пред три години од Баер Леверкузен.
Во дресот на Челзи одигра 139 натпревари и постигна 32 гола, од кои најважен беше победникот во финалето на Лигата на шампионите во 2021 година против Манчестер Сити.
Фудбалерите на Арсенал во рамките на подготовките одиграа натпревар против Ол-стар тимот на МЛС, а во рамките на тој натпревар имаше и различни интересни игри на теренот.
Токму Хаверц дојде до израз, кој на различните полигони прописно се избрука, а за неговите потези ќе се зборува уште долго.
Хаверц беше предизвикан да постигне што повеќе голови од волеј, но од 14 обиди германскиот напаѓач ниту еднаш не ја погоди мрежата…
Is Kai Havertz even a professional footballer? 😂😂😂 pic.twitter.com/mPuWsVPCtz
— Bolu🇳🇬 ➐ (@CFCBolu) July 19, 2023
Kai Havertz channels his inner Timo Werner, scores zero in Cross & Volley Challenge. Might want to look away Arsenal fans. 🔴⚪️ pic.twitter.com/1MxjaleVHX
— Men in Blazers (@MenInBlazers) July 19, 2023