ВИДЕО: Никој како Стеф Кари – Ѕвездата на Голден Стејт влезе во аналите на НБА лигата!

Loading

Кошаркарите на Голден Стејт продолжија со добри партии и славеа против Чикаго Булс со 119:93 за 11-та победа во 12-от настап оваа сезона.

Стандардно, најдобар играч на натпреварот беше Стеф Кари, кој постигна 40 поени, имаше пет асистенции и четири скока.

Постигна девет тројки со што влезе во аналите на НБА лигата. Кари испиша нова историја во најсилната кошаркарска лига на светот и стана играч со најмногу погодени тројки досега вкупно 3359.

Кари со ова достигнување го надмина легендарниот Реј Ален кој остана на бројката од 3358 тројки во НБА кариерата.