Аргентинските фудбалери и одличниот Лионел Меси во пријателски натпревар на неутрален терен во Шпанија, ја декласираа репрезентацијата на Естонија со убедливи 5:0 (2:0).
Беше тоа вистинско голгетерско шоу на Аргентинецот кој ги постигна сите пет гола за тимот на тренерот Лионел Скалони.
Првиот гол од пенал го постигна фантастичниот Меси во деветтата минута, а вториот гол го постигна во 45. минута.
До хет-трик стигна во 47. минута, а Меси во 72. минута зголеми на 4:0. Во 76. минута Аргентинецот ја заврши својата шоу програма.
Messi's second five-goal game of his career 🐐 pic.twitter.com/OHJsWIwXr8
— ESPN FC (@ESPNFC) June 5, 2022
За Меси ова беше втор пат во кариерата да постигне пет гола на еден натпревар.
Прв пат тоа го направи во дресот на Барселона против Баер Леверкузен…