(ВИДЕО+ФОТО) Беше хит на трибините пред 12 години на СП во Ј.Африка – Како изгледа денеска Лариса?!

Сигурно скоро никој не се сеќава кој што направи на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, но на трибините многу добро ја паметат популарната девојка кога беше во центарот на вниманието.

Таа е Лариса Рикелме, дамата која беше поголема ѕвезда на Мундијалот од кој било друг фудбалер. Нејзините фотографии од натпреварите на Парагвај го обиколија светот, а медиумите се тркаа да добијат интервју од неа.

Таа вети дека ќе се соблече скроз доколку Парагвај го освои Светското првенство, а иако нејзината репрезентација се збогуваше со натпреварувањето во четвртфиналето, Лариса сепак се фотографираше за магазинот „Плејбој“.

Поради големата популарност што ја стекна на Светското првенство, деловните понуди само се натрупуваа.

Таа стана модел, актерка, блогерка, па дури и се испроба во аргентинската верзија на Танц со ѕвездите и стигна до финалето.

И сега најглавната работа, погледнете како изгледа Лариса денес. Подобра е од било кога, нели?