(ВИДЕО) Нено и МАКЕДОНИЈА се најголемите изненадувања според ФИБА – ОДИМЕ НАГОРЕ УШТЕ ПОСИЛНО!

Loading

Според ФИБА, победата на кошаркарска МАКЕДОНИЈА против Полска нагости е најголемото изненадување во февруарскиот квалификациски прозорец за Евробаскетот 2025.

МАКЕДОНИЈА пред три дена во Сосновиец, ја победи Полска со убедливи 96-71, репрезентација која е за 44 места подобро пласирана на ФИБА рејтинг од нас.

Македонската репрезентација е 59-та, а Полска е на 15-тото место на ФИБА ранкингот.

Тоа значи дека ова е најголемата „разлика“ која ја направила една селекција на почетокот на новиот квалификациски циклус за ЕП.

Сепак освен нашата голема ПОБЕДА, имаше и други големи изненадувања во последното коло.

Тука е поразот на светскиот шампион Германија која загуби од бугарија со (67:62). Да не ја заборавиме и Беглија која ја победи Шпанија со (58:53).

Данска ја совлада исто Грузија со (76:69), а во напата група Естонија на свој терен ја порази Литванија со (65:59).

Следниот предизвик за составот на Јончевски е Литванија со која играме двомеч во месец ноември оваа година. 

МАКЕДОНИЈА сеуште не го кажала последниот збор и постојат уште шанси да се најдеме на Евробаскетот 2025 година.

За потсетување, само две селекции од нашата група одат на ЕП затоа што Полска е домаќин и таа сигурно ќе биде на еврособирот. 

Затоа нашите момци треба да се најдат најмногу на второто место во групата за да изборат пласман меѓу најдобрите на турнирот на стариот континент.

На последното рангирање на ФИБА, МАКЕДОНИЈА направи скок од четири позиции за моментално 55-то место.