Актуелниот европски првак Италија има проблем во новиот квалификациски циклус бидејќи му недостигаат напаѓачи.
Чиро Имобиле во последно време е се повреден, Скамака не игра редовно во Вест Хем, додека Белоти не е ни сенка на играчот кој беше во Торино.
Нема индикации дека ќе се појави нов млад напаѓач, па Италијанците прибегнаа да бараат играчи со италијанско потекло во Аргентина.
Во исто време, случајно во описот се вклопи и најдобриот стрелец на аргентинската лига, Матео Ратеги.
Тој бил контактиран од италијанската федерација и играчот на Тигре ги прифатил поканите и ќе дебитира на натпреварот против Англија кој ќе се одигра на стадионот Диего Армандо Марадона.
Тренерот Роберто Манчини потврди дека „новиот Италијанец“ ќе се најде на списокот.
Откако се пресели во Тигре од Бока, Ратеги одигра 50 натпревари во аргентинската лига и постигна 29 гола на 50 натпревари. Во новото првенство на 7 натпревари постигна 6 гола.
Тој има 23 години и се очекува на лето да се пресели во една од европските лиги, најверојатно во Серија А бидејќи ќе стане дел од „аѕурите“.