(ВИДЕО) Момент кој никој не го виде на англиското дерби – Фан на Ливерпул повреди двајца играчи, Клоп збесна!

Loading

Ливерпул како никој досега го „демонтира“ Манчестер Јунајтед, а навивачите на „Енфилд“ беа сведоци на најголемото понижување на гигантите во историјата и не застанаа додека не го постигнаа седмиот гол преку Фирмино.

фото: Getty Images

Наместо потоа да беснее Ерик тен Хаг, го видовме Јирген Клоп кој за малку не втрча во теренот. Неговиот проблем не беа играчите, туку навивач на Ливерпул кој сакаше да прослави со тимот.

Истрча на теренот и се лизна додека играчите на Ливерпул славеа. Притоа падна и ги повреди Куртис Џонс и Ендрју Робертсон кои веднаш се фатија за нозе, а потоа клупата на „црвените“ забележа дека нешто се случува…

Насмевката на лицето на Јирген Клоп веднаш ја замени грижата. Видел дека неговите играчи се држат за болни места и паѓаат на тревата, а потоа го забележал виновникот.

Тоа беше млад навивач на Ливерпул кој очигледно беше понесен од атмосферата и за да го прослави голот и победата – за малку ќе и направеше голем проблем на својата екипа.

Стјуардите го соборија и го изнесоа надвор од теренот, додека Клоп бесно скокаше во близина на аут линија, беше во шок од тоа што се случи.

Со оглед на тоа што директорите на преносот во Премиер лигата не ги снимаат навивачите како трчаат на терен, со надеж дека ќе ги обесхрабрат да го сторат тоа, не ни видовме што се случи на видеото, туку социјалните мрежи ја завршија работата.

Нема сомнеж дека овој навивач сега е на долга пауза, ако некогаш и воопшто му се дозволи да гледа фудбал во живо: