Кевин Де Брујн поради повреда на десното колено ќе отсуствува од фудбалските терени во наредните 2 месеца.
Играчот на Сити се повреди во последната минута од полуфиналниот меч во Лига купот против Евертон, кој се одигра пред два дена.
Белгиецот против Евертон влезе во 66.минута и беше најзаслужниот за победата на Сити и пласманот во финалето.
Тој најпрвин погоди за 2:1, а потоа му асистираше на Агуеро за 3:1, а во финалето ќе игра против Ливерпул на 28.февруари.
Покрај овој натпревар Де Бруин ќе ги пропушти дуелите со Астон Вила во ФА купот, потоа со Сандерленд, Лестер и Тотенхем во првенството и со Динамо Киев во осминафиналето во ЛШ.
Де Брујне во Сити пристигна од Волфсбург за сума од 55 милиони фунти, а во досегашниот дел од сезоната одиграл 31 натпревар и постигнал 12 голови.