(ВИДЕО) Мајсторијата на Дончиќ која го обилоки светот – Како му успеа ова?

Loading

Првата ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, поентерски брилира во НБА лигата, но не заостануваат и неговите луцидни асистенции.

фото: AP

Така на натпреварот против Индијана беше играч на натпреварот со 25 поени, 7 скока и 6 асистенции. Не играше многу време во текот на мечот, на теренот остана 28 минути.

Ниту помалата минутажа од вообичаеното не го спречи Дончиќ да направи неверојатна асистенција која брзо стана вирална и го обиколи светот.

Дончиќ направи историска работа на овој меч. Луѓето кои се занимаваат со статистика дојдоа до информација дека ова му е веќе 49-ти натпревар сезонава и дека остварил учинок од 20/5/5 во најважните статистички категории.

За Словенецот ова е четврта ваква сезона, па самите податоци се уште поневеројатни.

Далас моментално е 11-ти во Западната конференција и жестоко се бори за пласман во плеј-офот, досега има остварено 37 победи и 40 порази.

Словенецот е еден од најдобрите играчи во лигата оваа сезона и моментално е петти во трката за МВП титулата со просек од 32,9 поени, 8,1 асистенции и 8,6 скока.

Од доаѓањето на Кајри Ирвинг, Далас мака мачи да најдат константна форма и не можат да влезат во добар ритам, до крајот на регуларниот дел остануваат уште 5 натпревари, па до последниот меч ќе биде тензично за Дончиќ и тимот.

Сепак, со вакви потези од нивниот најдобар играч, Маверикси можат да се надеваат дека ќе напредуваат.

Погледнете го овој потег од повеќе агли: