Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и официјално стана играч на Интер Мајами.
Пет недели по објавувањето на неговата преселба во Интер, денеска договорот на Меси стана важечки.
Клубот од Мајами претходно објави дека договорот ќе биде на две и пол години и дека Меси ќе добива меѓу 50 и 60 милиони долари годишно.
Интер ќе го претстави Меси на стадионот Форт Лодердејл утре навечер, а прес-конференција е закажана за понеделник.
Меси за прв пат ќе тренира со своите нови соиграчи во вторник и би можел да дебитира дома против Круз Азул во петок.
Интер Мајами на својот Твитер профил објави порака: „Добредојдовте 10“.
Sí, Muchachos📍 pic.twitter.com/8E3f9hb9VU
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 15, 2023
„Пресреќни сме што најдобриот светски фудбалер го избра Интер Мајами и Големата лига, а неговата одлука е доказ за нагонот и енергијата на нашата лига и нашиот спорт во Северна Америка. Не се сомневаме дека Лионел ќе му покаже на светот дека МЛС лигата може да биде лига на избор за најдобрите играчи во светот на фудбалот“, рече комесарот на МЛС лигата, Дон Гарбер.