ВИДЕО: Луѓе па ова го нема ниту во видео игрите – Нестварна партија на Џа Морант!

Loading

Кошаркарите на Мемфис на домашен терен го совладаа Сан Антонио со 118:105, а натпреварот го одбележа феноменалната игра на Џа Морант од Гризлис.

фото: Profimedia

Морант против Спарси постави рекорд во кариерата – на овој меч постигна дури 52 поени. Интересно, освен рекорд во кариерата, тој постави и рекорд за франшизата за која настапува.

Неверојатни шутеви на овој меч погоди кошаркарот кој е познат по своите исклучително атрактивни забивања, пенетрации и рампи.

Така во последната секунда од првото полувреме постигна кош откако доби топка преку целиот терен.

Тој беше едноставно незапирлив….