(ВИДЕО) Лудница луѓе мои, поминаа 12 години од легендарната тројка на Кецман во финалето на АБА лигата!

Loading

На денешен ден, пред точно 12 години, Партизан ја освои титулата во АБА лигата со победата против Цибона во Загреб, со неверојатната тројка на Душан Кецман.

Во финалето црно-белите ја совладаа Цибона со 75:74 и ја освоија четвртата последователна титула во Јадранската АБА лига.

Претходно во полуфиналето Партизан го совлада Хемофарм, додека Цибона ја победи Унион Олимпија. Финалето се играше во новата Загребска Арена, пред околу 17.000 гледачи.

Цибона беше на 0,6 секунди до титулата во АБА лигата, откако претходно Бојан Богдановиќ погоди тројка за водство, но потоа на сцена стапи Душан Кецман.

Партизан поведе со 72:71, а Робертс имаше можност да го реши натпреварот од линијата за слободни фрлања. Ги промаши двете слободни, Цибона го започна последниот напад, а Бојан Богдановиќ погоди тројка од корнер за 74:72 и на семафорот останаа само 0,6 секунди.

Сите мислеа дека е готово, играчите и стручниот штаб на Цибона излегоа на паркетот и ја прославија победата, но Душан Кецман не мислеше така.

Рашиќ додаде до Кецман, кој од три четвртини од теренот погоди тројка од табла, за победа и титула.

По повод десетгодишнината, односно пред две години, Кецман на својот Твитер профил по повод славната титула на Партизан напиша:

,,Каква луда игра и незаборавна/необична победа и освојување на АБА лигата во 2010 година во Загребска Арена. На сите им го честитаме јубилејот… Рашкет, Бу, Пери, Алекс, Лија, Јана, Гари, Славко… до стручниот штаб – напиша Кецман.