(ВИДЕО) Голема несреќа на велосипедска трка – Светскиот шампион сериозно повреден!

Loading

Тешка несреќа ја одбележа велосипедската трка Леж-Бастоње-Леж, кога тешко се повреди актуелниот светски шампион, Јулијан Алафилип.

фото: Eurosport

Алафилип, возачот на екипата Квикстеп Алфа, заврши во ендек, меѓу дрвјата, а во моментот кога Роман Барде, возачот на екипата на ДСМ стигна до него, не можеше да зборува и тешко дишеше.

– Тоа беше кошмар. Том Пидкок и уште еден возач се судрија пред мене и јас одлетав на десната страна од патот. Кога погледнав наоколу, го видов Џулијан како лежи во бездната. Бев во шок бидејќи тој беше во многу тешка ситуација. Никој не беше наоколу и навистина му требаше помош. Не можеше да се движи, ниту да дише. Беше свесен, но не можеше да зборува. Искрено се надевам дека се ќе биде во ред. Го блокираа патот за да му помогнат. Бев среќен што поминав без повреди – изјави Барде за Еуроспорт откако не ја заврши етапата во неделата бидејќи реши да остане со повредениот колега од ривалскиот тим …

Последиците за Алафилип се сериозни, французинот го скрши рамото, две ребра поради што имаше проблеми со дишењето, а сигурно е дека ќе ја пропушти и најголемата трка годинава Тур де Франс на која беше многу блиску до победа во 2019 година.

Секако најважно е целосно да се опорави, а загрозена е и подготовката за одбрана на титулата светски првак која ја освои во 2020 и 2021 година. Годинава Светското првенство ќе се одржи во Волонгонг.

Неделната несреќа се случи со голема брзина, на 60 километри од целта и не е прва што ја доживеа во последниот период.

Алафилип падна и за време на трката во Страда Бјанка оваа сезона, по што мораше да паузира неколку недели.