Тимот на Лестер Сити испиша неверојатна приказна во фудбалската историја на Англија.
Популарните „Лисици“ успеаја да извојуваат конечна победа над големите „волци“ во Премиер лигата и да докажат дека чудата навистина се можни.
Во времиња на гигантски суми за трансфери и навидум премоќна конкуренција во Премиер Лигата, титулата на Лестер е едно од најголемите изненадувања во историјата на фудбалот не само во Англија.
Во минатата година за малку се спасија од испаѓање, но затоа сезонава „Лисиците“ започнаа неверојатна серија која ги доведе до титулата во Премиер лигата.
Сонот на екипата под водство на Италијанецот Клаудио Раниери стана стварност по вчерашните 2:2 на Стенфорд Бриџ помеѓу Челзи и најголемиот конкурент за титулата Тотенхем.
Предводени од голгетерот Џејми Варди и организаторот на играта Ријад Марез, кои беа прогласени за играчи на сезоната во Премиер Лигата, Лестер на 2 кола пред крајот на сезоната има неверојатен скор од 22 победи, 11 нерешени и само 3 порази со вкупно 77 бода, 7 повеќе од Тотенхем кој има 70.
Навивачите на фудбалскиот клуб во целоноќна екстаза ја прославија првата шампионска титула на Лестер во Англија- остварување рамно на чудо.
Како се славеше синоќа во Лестер погледнете го видеото…