Училишната сала ,,НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА,, во Општина Кисела Вода ќе влезе во историјата на вечното кошаркарско дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички.
Дербито број 164 за првпат се одигра во сала со една трибина од 300 гледачи откако МЗТ Скопје ја пријавија како домашен терен за натпреварот од 15.коло против Работнички.
СЦ „Јане Сандански“ е зафатен со ЕП во пинг-понг, а екипите и федерацијата не се договирија за промена на терминот за одигрување во интерес на македонската кошарка.
Но нема по добро да го паметат ова дерби МЗТ затоа што забележаа нов пораз во шампионатот и тоа второ по ред кое го играат како домаќини.
Работнички славеше важна победа од 95-91 и тоа по пауза од скоро три години. Последната ја забележа на 14 април 2021 година.
Екипата од ,,Градски Парк,, имаше константна предност во текот на целиот меч која не ја испушти до крајот на мечот.
Замина со +10 на полувремето, во третиот дел ја зголеми на +17, а на стартот на последната четвртина достигна да биде и +21 за Работнички.
,,Металците,, пробаа да ја достигнат во последните неколку минути од мечот. Со пресинг игра по цел терен стигнаа до негатива од -4 и тоа беше зенитот до кој му се доближија на лутиот ривал.
Ова за МЗТ Скопје е втор пораз по ред и тоа на домашен терен од стартот на вториот дел од домашното првенство.
Го загубија дербито против Пелистер, а сега со новиот пораз од ривалот Работнички си го доведоа во прашање и првото место на табелата во првата лига.
Кошаркарите на Работнички, ја продолжија победничката серија на шест победи по ред во лигата, а оваа сигурно долго ќе ја паметат.
Ставија крај на постот порази од вечниот ривал кој трае цели 33 месеци што низ годините немала ниту една од двете екипи.
Декоузи го предводеше Работнички со 23 поени и осум скока, Ѓуроски даде 20, а Трајс 19 поени и 11 асистенции. Кај МЗТ Скопје Танасковиќ даде 26, Војдан Стојановски имаше 18 коша и девет асистенции, а Дамјан Стојановски и Ворку постигнаа по 15 коша.
МЗТ Скопје Аеродром со два порази за 5 дена го чека сега турнирот во АБА2 лигата кој ќе се игра во Нови Сад од 29 јануари до 4 февруари.
Време ли е за оставки во таборот и раководството на клубот……. Останува да видиме, но криза се разбира дека има и тоа голема!!!
ПРВА ЛИГА-МАЖИ – 15.КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 91:95
Навико Академија ФМП – ТФТ Моцарт 62:90
26 ЈАНУАРИ – ПЕТОК
18.00: Пелистер – Еуро Никел 2005
27 ЈАНУАРИ – САБОТА
17.00: Вардар – Чаир 2030
17.00: Кожув – Феникс 2010
17.00: Гостивар – Охрид
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 27, Работнички 26, Еуро Никел 2005 25, Пелистер 24, ТФТ Моцарт 24, Чаир 2030 23, Феникс 2010 22, Гостивар 18, Навико Академија ФМП 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17;