ВИДЕО: Каков татко таков син – Новак со синот се спрема за Вимблдон!

Најдобриот тенисер на светот Новак Џоковиќ пристигна во Мајорка заедно со семејството.

новак

Тој ќе се подготвува за претстојниот гренслем Вимблдон во Шпанија, кој започнува за две недели.

Како дел од подготовките, Новак следната недела ќе игра во двојки на турнирот во категоријата 250.

Тој го одработи својот прв тренинг на трева, а со него беше и неговиот син Стефан. Џоковиќ се пошегува дека неговиот син удира форхенд како Рафаел Надал.

На крајот на краиштата, уверете се сами…