Кога ќе изеде пица се казнува со стомачни – Како изгледа диетата на Роналдо, јаде нон-стоп а цел е во мускули!

Loading

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, живее спортски во буквална смисла на зборот. Тој точно знае што и кога јаде, а диетата му е многу специфична.

Имено, тој внесува храна исклучиво со највисок квалитет, а притоа јаде шест помали оброци на ден. Тоа се појадок, два ручека, ужина и две вечери!

За појадок, Кристијано најмногу сака да јаде две работи, во комбинација, квалитетна шунка и сирење што воопшто не се мрсни.

Кога станува збор за ручек, било првото или второто, неговото мени вклучува некои од следниве јадења: риба, пилешко, салати и, некако неизбежно, маслинки.

Закуските се различни, во зависност од неговите деловни и фудбалски обврски, па затоа се базираат на овошје или на тост, на кој става намаз од авокадо.

И за двете вечерни оброци, тој исклучиво користи зеленчук на кој додава месо или риба.

Интересно е што Роналдо јаде пица еднаш неделно, а потоа, како „казна“, мора да направи 500 стомачни.

Бидејќи не користи газирани пијалоци, но и преработени производи, алкохол, замрзната храна и слатки, и не треба да биде изненадувачки што, со исклучителна посветеност на тренингот, тој има само 7% од телесните масти.

Важен фактор за неговото закрепнување е сонот. Роналдо прави пауза од врвните напори спиејќи во циклуси од по 90-минути.