(ВИДЕО) Како Зидан со глава го удри противникот – Овој капитен тотално изгуби контрола!

Поминаа 16 години од финалето на Светското првенство кога Италија стана светски шампион со победата против Франција во Берлин.

фото: Printscreen/Youtube

Натпреварот го одбележа реакцијата на Зинедин Зидан и ударот со глава во градите на Марко Матераци, откако Италијанецот го испровоцира Французинот, спомнувајќи ја неговата сестра и семејството, а слична ситуација се повтори и во нашето соседство.

Вака изгледаше пред 16 години:

Во мечот од полуфиналето на Купот на Романија, капитенот на Крајова, Никусор Банку, „падна“ на провокациите на противникот и Сепси како легендарниот Французин го удри со глава во градите.

Но, тоа не беше доволно за да го изрази гневот што го чувствуваше.

Веројатно сфати дека нема да може да го избегне црвениот картон, па реши со топката во глава да го удри играчот кој беше на земја.

Фудбалерите на двата тима брзо стигнаа на местото на „злосторот“, а Банку сам почна да го напушта теренот уште пред главниот судија да му покаже црвен картон.

Погледнете како изгледаше целата ситуација: