(ВИДЕО) Како НБА го покраде Јокиќ за нов трипл-дабл – Му требаше таа асистенција!

Loading

Долго ќе се зборува за мечот меѓу Денвер и Далас, особено за една ситуација која се случи на крајот од третата четвртина.

фото : AP

Никола Јокиќ постигна 33 поени, со 14 скока и 9 асистенции. Остана на 107. трипл-дабл учиноци, колку што имаат Леброн Џејмс и Џејсон Кид.

И покрај феноменалната игра, Никола Јокиќ го делеше една асистенција до пробивање на третото место на вечната листа на кошаркари по бројот на трипл-дабл средби.

И тоа ќе се случеше, доколку НБА не му „украдеше“ една чиста асистенција.

Имено, Србинот во еден момент тргна со топката кон кошот, ја додаде во рацете на Пејтон Вотсон, кој постигна монструозно забивање.

Но според официјалните податоци Никола во таа прилика не доби асистенција.

Погледнете ја ситуацијата…..