ВИДЕО: Како Атлетико Мадрид спектакуларниот стадион Ванда Метрополитано го исплати за само две години?

Loading

Атлетико Мадрид веќе 4 години игра на својот нов стадион „Ванда Метрополитано“ кој има капацитет од 67.829 седишта.

Кинеската фирма за недвижности, „Ванда Груп“ е причината поради која стадионот на Атлетико го носи името „Ванда Метрополитано“.

На овој стадион се играше финалето во Лигата на шампионите, а изграден беше откако се сруши претходниот „Висенте Калдерон“.

Атлетико својот модерен стадион го отплати за само две години. Како?

Атлетико пред 2 години ги сруши сите рекорди. Шпанскиот клуб потроши 243 милиони евра на засилувања од кои 126 беа за Жоао Феликс, меѓутоа собраа 311 од продажби.

Исто така стариот „Висенте Калдерон“ кој е срушен се простираше на 63.076 квадартни метри. Имотот остана во сопственост на Атлетико.

Атлетико трите парцели на површина од 34.595 ги продаде за 100 милиони евра, а за преостанатите 28.481 квадратни метри ќе добие уште 80 милиони евра.

Ако се знае дека „Ванда Метрополитано“ чини 265 милиони евра, тогаш е јасно дека две третини се исплаќаат со продажбата на местото каде што беше „Висенте Калдерон.

Ако на тоа се додадат 68 милиони евра колку што Атлетико заработи ова лето, ќе им недостасуваат само 13 милиони евра за целосно да го исплатат стадионот.

Тој дел ќе биде покриен со продажбата на влезници за натпреварите од Ла Лига и Лигата на шампионите во оваа сезона.

Мора да се признае одлично разработен план на „јорганџиите“…