(ВИДЕО) Прва титула за Флуминенсе во Копа Либертадорес – На Маракана падна Бока Јуниорс!

Loading

Флуминенсе ја освои првата титула во Копа Либертадорес во историјата, со победата во финалето од 2:1 (1:0) над Бока Јуниорс.

фото: RAUL SIFUENTES

Пред околу 75.000 навивачи на славната „Маракана“ во Рио во неверојатна атмосфера, домашните го освоија првиот трофеј на шампионите на Јужна Америка.

Тензијата на трибините на „Маракана“ се чувствуваше, Флуминенсе на почетокот на натпреварот имаше голем посед и доминираше на теренот.

Наградата за таквиот пристап дојде во 36. минута. Херман Кано со одличен удар му донесе водство на својот тим и со тоа потврди дека е најдобриот стрелец на натпреварувањето за оваа сезона.

Кано е Аргентинец и диво го прослави гол против тимот на својата земја и стана апсолутен херој меѓу навивачите на Флуминенсе.

До крајот на полувремето бразилскиот тим продолжи со пресингот кој го форсира Фернандо Диниз, но немаше нови промени.

Бока во 73. минута дојде до 1:1. Луис Адвинкула ја искористи пасивноста на Марсело и со фантастичен удар со левата нога го совлада голманот на Флуминенсе до ерупција од воодушевување кај навивачите на Бока.

По овој момент навлезе паника меѓу двете екипи и со нетрпение го очекуваа продолжението. Во 94. минута Диого Барбоса пропушти фантастична можност да му донесе победа на Флуминенсе по соло продор.

Во продолженијата целосен хаос. Се играше 99-тата минута кога тимот на Флуминенсе создаде феноменална акција.

Кено му ја додаде топката на Кенеди, кој со волеј ја упати во мрежата на Ромеро за водство на бразилскиот клуб.

Во напад на емоции, Кенеди истрча на трибините да прослави со навивачите по што доби втор жолт картон.

Бока до крајот не можеше да дојде до нов гол на дуелот 10 на 10. Па така Флуминенсе го освои својот прв Копа Либертадорес во клупската историја!

Инсерти од мечот….