Фудбалерите на Вардар и официјлано се старо-нови шампиони на Македонија.
Со победата над Шкупи во Пробиштип, црвено-црните ја освоија јубилејната десетта титула во историјата.
Двата погодоци Вардарци ги дадоа во второто полувреме, а стрелци на истите беа стоперот Грнчаров и Ерменецот Хамбарџумјан кој на ефектен начин ја затресе мрежата на чаирчани.
Во другите средби Шкендија го совлада Силекс со 3-0, додека без голови заврши натпреварот помеѓу Брегалница и Работнички.
Вардар има 77 бода, пред Шкендија со 72, Силекс со 43, колку што има и Работнички, Шкупи 38 и Брегалница 34 бода.
Инсерти од мечот…