ВИДЕО: Инцидент во НБА – За малку спречена масовна тепачка помеѓу Далас и Сакраменто!

Loading

НБА сезоната е пред нас, а тимовите веќе ги започнаа подготовките за новата, која започнува на 3 октомври.

Во моментов во Лас Вегас се играат натпревари од летната лига, во кои тренерите претежно им даваат шанси на помладите играчи и оние кои имаат помалку простор за играње во текот на сезоната.

Резултатот за повеќето можеби не е во преден план, но далеку сме од гледање досадни игри без борба во вистински смисол. Една таква борба се случи на мечот помеѓу Сакраменто Кингс и Далас Маверикс кога имаше голем инцидент.

„Кралевите“ водеа кога Мету сакаше да забие покрај Оморуџи. Соиграчот на Лука Дончиќ го оттурна Мету кога тој веќе беше во воздух, па следуваше болно слетување.

За среќа, Нигериецот помина без повреда, но тој веднаш стана и отиде да се пресмета со Оморуџи. Тој дури го удри со подлактицата во лицето, по што настана голема мешаница.

Соиграчите спречија потешка пресметка, а судиите ги исклучија и двајцата кошаркари.