Фантастичниот борец од Русија со дагестанско потекло, Магомед Анкалаев, го освои шампионскиот појас во полутешка категорија, откако го совлада славниот бразилец и актуелен шампион Алекс Переира на спектаклот UFC 313 во Лас Вегас.
Анкалаев победи по пет рунди со едногласна одлука на судиите.
Анкалаев, кој важеше за аутсајдер, доминираше во текот на целата борба. Во втората рунда се доближи до нокаутирање на Переира, но времето го спаси Бразилецот.
Переира ги издржа сите пет рунди, но на крајот не можеше да избегне пораз.
Борбата не ги оправда очекувањата на публиката во салата каде можеа да се слушнат негодувања и исвиркувања од гледачите кои бараа многу повеќе акција и возбуда во рингот.
Но сепак тоа не го добија на крајот.
По борбата Анкалаев изјави дека доколку сака Алекс реванш со сигурност ќе го прифати и повторно ќе го предизвика на нова борба.
Анкалаев со оваа победа, има 20 победи од кои 10 со нокаут, еден пораз, едно реми и една поништена борба.
Борбата со Переира беше негова 14-та по ред без пораз. Незнае за пораз од 2018-та година кога загуби од Шкотланѓанецот Пол Крег.
Погледнете ја целата борба….