(ВИДЕО) ХАОС во ЛШ, летаа шамари и боксови – Незадоволен навивач повторно нападна голман!

Loading

Дуелот од африканското издание на Лигата на шампионите меѓу Атлетико Петролас Луанда и Видад Казабланка го одбележа многу бизарна ситуација.

фото: Twitter/PALANCAS NEGRAS

На теренот на овој натпревар нешто слично му се случи и голманот на Севиља, Марко Дмитровиќ на мечот против ПСВ Ајндховен, кој мораше да се пресмета со навивач.

Очигледно незадоволен од интервенциите на голманот на својот тим, навивач на домашниот тим истрча на теренот и го нападна голманот Уго Маркез, кој не сакаше да се откаже од соочувањето.

Двајцата се степаа во шеснаесетникот, кога резултатот беше 2:0 за гостите, а хулиганот го напушти теренот дури кога интервенираа стјуардите.

Хулиганот кој истрча на теренот најпрвин му се фрли во лице на искусниот голман кој бранеше 17 пати за репрезентацијата на Ангола, а потоа го оттурна.

Тоа беше доволно да изреагира голманот на мрежата кој почна да разменува удари со навивачот, додека во конфликтот не се вклучија неговите соиграчи и обезбедувањето.

Помина без црвен картон, а по кратката лекарска интервенција можеше да го продолжи натпреварот.

Сепак, тој не му помогна на својот тим да избегне пораз на оваа средба. Видад Казабланка, актуелниот шампион на Африка, ги освои сите три бода на гостувањето во главниот град на Ангола и со девет бода по четири одиграни кола е веќе блиску до нокаут фазата од натпреварувањето.

Од друга страна, Петро се надева дека во следните две кола би можел да собере доволно бодови и да им се приклучи во финалето.

Гледајте го судирот на теренот: