ВИДЕО: Гранде Пандев има нов клуб – Џенова му се заблагодари со специјална снимка!

Loading

Горан Гранде Пандев од денеска има нов клуб, откако сосема неочекувано ја смени клупската средина и од Џенова, потпиша за италијанскиот второлигаш Парма.

Пандев со Парма потпиша договор до крајот на сезоната и со тоа стави крај на шестгодишниот престој во редовите на калчолигашот Џенова, кому му претстои тешка битка за опстанок во прволигашкото друштво.

Така Пандев во Парма ќе игра со легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој оваа сезона се врати во клубот во кој ја почна кариерата.

Пандев ја напушта Серија А со импресивни бројки зад своето име. Одигра 493 натпревари, од дебито во сезоната 2003/04, со што е трет на вечната листа зад Фабио Канаваро (515) и Самир Хандановиќ со (537) настапи.

Џенова со специјално видео се прости од рекордерот според бројот на настапи и постигнати голови во македонскиот фудбалски дрес… УЖИВАЈТЕ!