Италијанскиот судија Мануел Мацони и Полјаците Војчех Лиска и Михал Прок добија суспензија од Европското првенство поради лошо судење на мечот меѓу Литванија и Германија.
Грчкиот новинар Јоргос Закас истакнува дека овие тројца арбитри нема да водат повеќе натпревари до крајот на Европското првенство.
Литванците беа оштетени на овој натпревар, бидејќи судиите не успеаја да досудат уште едно слободно фрлање на овој тим на крајот од третата четвртина поради техничка грешка на германскиот селектор Гордон Херберт.
Литванскиот кошаркар Јонас Валанчунас, кој беше фаулиран од Германецот Маодо Ло, поради тој прекршок упати само две слободни фрлања.
На Литванците тогаш им беше доделена топката, но не беше изведено уште едно слободно фрлање. Натпреварот по 40 минути заврши 89:89, но Германија победи со 109:107 по две продолженија.
Претходно денеска ФИБА Европа ја одби жалбата на Литванците за судењето на овој натпревар.
По три кола во групата Б, Германија има три победи, додека Литванија забележа три порази.