(Видео) Фудбалскиот свет памети, пред 24 години се случи една од најголемите фудбалски трагедии во светот!

Loading

На 16 октомври 1996 година на стадионот Матео Флорес во главниот град на Гватемала, загинаа 80 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Трагедијата се случи поради стампедото кое го создадоа навивачите кои сакаа без билети да влезат на стадионот каде требаше да се игра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 1998 во фудбал.

Стадионот “Матео Флорес” во Гватемала се сеќава на една од најголемите човечки катастрофи во спортот!

Со своето целосно име, “Estadio Nacional Doroteo Guamuch Flores” стадионот се наоѓа во главниот град на Гватемала, држава од околу 15,5 милиони луѓе во Централна Америка.

Изграден е во 1948 година, а отворен две години подоцна, денес главно се користи за играње фудбалски натпревари.

Вратата на стадионот се отвори во 14 часот за квалификацискиот меч за Светското првенство 1998 во Франција помеѓу Гватемала и Костарика.

Натпреварот требаше да започне во 20 часот според планот и програмата. Неколку минути претходно, група лути фанови кои не беа пуштени на стадионот, ја урнаа оградата на влезот, предизвикувајќи стампедо на северниот влез.

Ова беше почеток на една од најголемите спортски трагедии во земјата!

На патот на стампедото се наоѓаа навивачи кои веќе седеа на нивните места, па затоа беа “заробени” под гневот на лутите навивачи.

Сето ова се случи додека луѓето влегуваа во стадионот. Додека полицијата сфати што се случува и ги отвори сите влезови на теренот, веќе беше предоцна!

Картите за натпреварот беа распродадени. Капацитетот на стадионот беше помеѓу 45 и 50 илјади луѓе, но се претпоставуваше дека поради црниот пазар бројот на луѓе на стадионот беше далеку поголем.

Бројот на билети изнесуваше 45.796, а според анализата тој број го надминал капацитетот на стадионот “Матео Флорес”. Натпреварот беше откажан, а потоа претседателот Алваро Арзу прогласи три дена жалост.

13 лица беа обвинети за убиство и препродажба на билети, но сите на крајот беа ослободени.

Резултатот од трагичниот настан беше казната на ФИФА која забрани било каков натпревар на тој стадион во следните две години или додека законите за безбедност не се завршат.

Подобар систем за безбедност беше воведен за да се спречат трагедиите во иднина. Во исто време, капацитетот на стадионот беше намален.

Но, за катастрофата никој не беше обвинет!