(Фото) Леброн Џејмс со потресна порака му ја посвети НБА титулата на Коби!

Лос Анџелес Лејкерс станаа НБА шампиони по 17-ти пат, совладувајќи го Мајами во финалето со 4:2 во победи. 

Овој трофеј им значи многу на Лејкерси, не само поради титулата, туку затоа што дојде во годината кога трагично загина Коби Брајант, легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс.

Секако, најзаслужен за триумфот во овој момент беше најдобриот кошаркар на светот, Леброн Џејмс.

Овој пат беше МВП на финалето, а 17-та титула на Лејкерс му ја посвети на покојниот Коби, со порака на „Инстаграм“:

“Се надевам дека си горд. Брате мој, те сакам и ми недостигаш”, напиша Леброн Џејмс.

Коби Брајант целата своја кариера ја мина во Лејкерс и со нив освои пет шампионски титули.