ВИДЕО: Финиш каков што фудбалот не памти – Новиот шампион на Шпанија се реши во последните 45 минути!

Loading

Фудбалерите на Атлетико Мадрид по 7 години пауза се новите шампиони на Шпанската Ла Лига!

Атлетико ја освоија 11 титулата шампион на Шпанија, откако го совладаа Ваљадолид со пресврт 2:1 на гости, во последното 38. коло.

Головите за победа ги постигнаа Анхел Кореа во 57-та и Луис Суарез во 67-та минута, додека стрелец за Ваљадолид беше Оскар Плано во 18-та минута.

Атлетико го зазеде првото место со два бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, кој на домашен терен го совлада Виљареал исто така со пресврт со 2:1.

Головите за Реал ги постигнаа Карим Бензема во 87.минута и Лука Модриќ во втората минута од судиското продолжение, додека стрелец за Виљареал беше Џереми Пино во 20.минута.

Со овој пораз Виљареал го загуби местото што води во Лига Европа, па следната сезона како седма со 58 бода ќе се натпреварува во Лигата на конференции.

Покрај Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, следната сезона во Лигата на шампионите ќе играат Барселона и Севилја.

Барселона денес го победи Еибар со 1-0 на гостувањето, со голот на Гризман во 83-та минута, па сезоната ја заврши на третото место со 79 бода.

Севилја го обезбеди четвртото место од претходно, а својот натпревар од последното коло го игра утре на домашен терен против Алавес.

Реал Сосиедад се пласираше во Лигата на Европа, откако ја совлада Осасуна со 1-0 на гостувањето и Бетис, кој исто така ја победи Селта со 3-2 на гости, со што заврши на шестото место со 61 поен.

Од Примера лигата испаѓаат тимовите на Еибар, Ваљадолид и Хуеска.