Кошаркарите на МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ ја освоија и 9-тата шампионска титула во МАК кошарката.
Со 3-1 во победи го совладаа битолскиот тим на Пелистер во финалето на кошаркарскиот плејоф на Македонија.
Во четврттиот меч кој се одигра во салата Боро Чурлески, МЗТ Скопје славеше со 102-93 и на тој начин ја затвори финалната серија.
За МВП на финалето беше прогласен Немања Милошевиќ.
Потоа, славјето можеше да започне… најпрво во салата во Битола каде беше подигнат победничкиот пехар и им беа доделени медалите, а подоцна и пред домот на МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ, СЦ Јане Сандански.
Секогаш верните навивачи на МЗТ, ФЕМИЛИ АЕРОДРОМ ги пречекаа своите играчи и заедно со нив на спектакуларен начин ја прославија новата шампионска титула.
SPORTY.MK, уште еднаш им ја честита 9-тата титула на МЗТ СКОПЈЕ и им посакува уште многу вакви успеси на домашен терен, но и во АБА лигата.
Погледнете како изгледаше сето тоа…