Најдобриот тенисер на светот по шести пат во кариерата го освои Мастерсот 1000 во Париз по голема борба во финалето против Медведев со 2-1 во сетови 4-6, 6-3 и 6-3.
Новак Џоковиќ со освојувањето на турнирот во Париз го направи она што никој досега не го направил, а прашање е дали некој од тенисерите ќе може да го повтори успехот на Новак во иднина.
Имено, најдобриот светски тенисер ја освои 37-та титула од серијата мастерс 1000 и со тоа се одвои од Рафаел Надал кој остана на 36 трофеи.
Двајцата апсолутно доминираа, а третопласираниот Роџер Федерер има 28 мастерс титули.
Да потсетиме, Новак уште пред почетокот на финалето испиша историја.
Со победата во полуфиналето против Хумберт Хуркач, Џоковиќ го обезбеди првото место до крајот на 2021 година, а ова е седми пат годината да ја заврши како најдобар во светот, што го надмина својот идол од детството, Пит Сампрас.