ВИДЕО: Дете го предизвика Синиша Михајловиќ, а еве го неговиот одговор!

Loading

„Синиша предизвик“ е ново натпреварување што го започна едно 9-годишно дете од Болоња, а неговото видео го предизвика и самиот Синиша Михајловиќ!

Задачата која ја постави малиот Томазо се однесува на совршен слободен удар, кои некогаш ги изведуваше Михајловиќ.

Задачата е да постигнете кош со што помалку обиди со фудбалска топка. На Томазо му беа потребни три обиди, а Србинот беше толку симпатичен што се обиде и самиот.

И замислете погоди од првиот обид! Потоа го прослави успехот и се пошегува со малото дете.

Како играч, Михајловиќ беше неприкосновен во изведувањето слободни удари, постигна 28 гола на тој начин во Серија А, и сеуште го држи рекордот.

На овој начин, Болоња ги покани сите да учествуваат во предизвикот и да ги испраќаат своите обиди и погодоци.